ГОЛЕМА НОСИВОСТ
Peugeot Boxer постои во неколку верзии, според максималната дозволена тежина*: до 3,5 тони (3,0t, 3,3t и 3,5t) и над 3,5 тони.
Повеќе од само средство за транспорт, Peugeot Boxer е специјално дизајниран за вашиот бизнис, бидејќи тој ги комбинира леснотијата на возење и уникатната опрема.
Со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет, Peugeot Boxer е подложен на повеќе од 4 000 000 km на тестирање во симулација на повеќе од 3 години за максимална сигурност на своите мотори, како и околу 500 000 циклуси на отворање на вратите, ја оптимизираат нивната издржливост.
Peugeot Boxer постои во неколку верзии, според максималната дозволена тежина*: до 3,5 тони (3,0t, 3,3t и 3,5t) и над 3,5 тони.
Boxer фургон и комби е достапен дури во седум каросериски верзии со седум корисни запремнини од 8 m3 (L1H1 верзија) до 17 m3 (L4H3 верзија), што го прави лидер во својот сегмент.
Товарењето и сместувањето на товарот во Peugeot Boxer е посебно едноставно благодарение на: ширината на товарниот простор од 1,87m, односно ширината меѓу тркалата од 1,42m; висината на утоварниот праг од 493-602mm, што е меѓу најниските на пазарот, со можност за дополнително спуштање од 7 cm, со опцијата на задната пневматска суспензија; отворање на задната врата под агол од 96°, со можност за отворање до целосни 180° и со повлекување на одделна рачка, на дури 270° во опција и страничните лизгачки врати од едната или двете страни на возилото.