Peugeot 208 со својата карактеристична спортска линија

Целосно новиот електричен градски автомобил PEUGEOT е-208, нуди енергично и стимулативно возење, благодарение на 100% електричниот мотор. Без компромис, изберете електричен автомобил!

ПРЕДНОСТИ

peugeot-208-2019-130-fr.589731.43.jpg

340 km
автономија (WLTP)

Задоволство при возење

Управување на 100% електричен погон, дава сосема ново чувство при возењето:

  • Возење без вибрации
  • Моќно забрзување
  • Спокојно чувство, предизвикано од безчујната работа на моторотi
  • 0g на емисија на CO2

30 минути
за надополнување на 80% од капацитетот

Заштеда на пари

Заштедете пари благодарение на:

  • Електричната енергија која чини помалку отколку фосилните горива
  • Ниски трошоци за одржување
  • Употреба на ECO режимот

 

0 g/km
емисија на CO2 

Нов начин на движењe

Со новиот PEUGEOT е-208, вашиот живот ќе биде поедноставен. Возилото со 100% електричен погон понудува:

  • Брзо полнење
  • Слобода за движење со возилото во град, дури и во зони со рестрикција
  • Управување на далечина со одредени опции како пред-програмирање за ладење/греење, проверка на нивото на батеријата и сл., овозможено преку апликацијата MYPEUGEOT® i.

ПРЕПОЗНАТЛИВ ДИЗАЈН

peugeot-208-2019-131-fr.589713.43.jpg

Заводливиот нов 100% електричен PEUGEOT e-208 има сè. Неговата препознатлива и ексклузивна завршна обработка ги сплотува технологијата и современоста.

peugeot-208-2019-653-fr.589723.6.jpg
peugeot-208-2019-645-fr.589714.6.jpg
5.513526.6.jpg

Препознатлив стил

Тивок колку и флексибилен, целосно новиот и заводлив PEUGEOT е-208 има сè. Неговата препознатлива ексклузивна завршна обработка ги прикажува технологијата и современоста преку: неговиот „е“ дихроен монограм и лав кои прикажуваат различна боја од различен агол, решетката со иста боја како каросеријата, сјајно црните лакови над тркалата, 17" алуминиумски наплаткиi и рафинираниот тапацир.

peugeot-208-1902styp301-shr.589724.19.jpg
13.513542.19.jpg

Современ PEUGEOT 3D i-Cockpit®

Преку конфигуративната 3D инструмент таблаi, можете многу едноставно да ги подесите информациите кои сакате како холограмски приказ да бидат проектирани додека возите.

Екранот вклучува:

  • Режим на возење: ECO / Normal / Sport
  • Ниво на батерија
  • Анимација на специфични податоци во реално време, прикажани кај илустрацијата на работењето на електричниот погон.

ТЕХНОЛОГИЈА

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧЕН

peugeot-elect-2019-003-fr.589705.21.jpg

Нов електричен мотор

Беспрекорната реактивност на електричниот мотор кај е-208 (136КС и вртежен момент од 260 Nm) дава спокојноi чувство при возењето.

peugeot-208-2019-450-fr.589706.20.jpg

Батерија со високи перформанси

Новата модуларна е-CMP платформа беше развиена со цел да направи оптимизација на архитектурата, ослободувајќи простор во кабината и во багажникот, за да се задржи капацитетот на багажниот простор и истата позиција на возачот како и кај 208 верзијата со мотор на внатрешно согорување. Батеријата кај електричното возило има гаранција од 8 години или изминати 160.000 km, по чие надминување батеријата ќе располага со капацитет од 70%.


АВТОНОМИЈА И ПОЛНЕЊЕ

КОИ ФАКТОРИ ВЛИЈААТ НА АВТОНОМИЈАТА?

speedometer-med-dig.642620.17.png
БРЗИНА

При константна брзина од 130km/h, автономијата на 100% електричното возило ќе биде двојно помала споредбено со пропишаното според WLTP.

weather-med-dig.642621.17.png
КЛИМА УРЕД И ГРЕЕЊЕ

Разликата во опсегот при користење на клима уред/греење може да варира дури и за 35% помеѓу различни годишни времиња. Климатизација (ладење/греење) додека возилото е вклучено на полнење, е еден од најефикасните начини да се зголеми автономијата во зима и лето.

steeringcircuit-med-dig.642622.17.png
СТИЛ НА ВОЗЕЊЕ, УСЛОВИ НА ПАТОТ И ГЕОГРАФСКИ ТЕРЕН

Еко-возењето е значително подобрено кај 100% електричните возила. Забрзувањето со беспрекорна динамика и рекуперативното кочење, можат да заштедат и до 15% од вашата автономија.

БРЗО И ЛЕСНО ПОЛНЕЊЕ

За да може да обезбедите целосен капацитет на електричното возило (до 340 km / WLTP) достапни се неколку решенија: полнење во домашни услови или користење на јавно достапен полнач.

peugeot-208-2019-017-fr.589718.19.593561.19.jpg

Полнење во домашни услови

При користење на класичен домашен приклучок, батеријата на новиот е-208 ќе биде целосно наполнета за 24 часа. Кабелот за оваа активност се купува како дополнителна опрема.

peugeot-208-1902hm002.589722.19.jpg

Брзо дополнување со користење на јавно достапен полнач

При користење на 100kW јавен полнач, батеријата на вашето возило може да се наполни до 80% за време од 30 минутиi. Ваков тип на јавни полначи, рапидно се поставуваат/инсталираат на автопатите во земјите во Европа.

РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ

all-new-peugeot-e-208-expressive-front-face-and-3-driving-modes.603483.63.jpg

РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ

Новиот PEUGEOT e-208 е 100% електрично градско возило кое овозможува три режими на возење:

  • Eco: оптимизирање на автономијата преку редуцирање на одредени опции,
  • Normal: оптимален комфор за дневна употреба,
  • Sport: користење на максималната моќност за максимално искуство при возењето (забрзување од 0 до 100km/h за 8,1 секунди)
all-new-peugeot-208-expressive-front-face-and-2-braking-modes.603477.63.jpg

РЕЖИМИ НА КОЧЕЊЕ

Има два режими на моторно кочењеi, кои овозможуваат надополнување на батеријата за време на успорувањето:

  • Умерено: за многу слично чувство како моторното кочење кај мотор со внатрешно согорување,
  • Зголемено: успорување контролирано преку педалата.
РЕЖИМИ НА ВОЗЕЊЕ
РЕЖИМИ НА КОЧЕЊЕ

ГАЛЕРИЈА