Доколку секојдневно Ви е потребно:
- удобно седиште
- поврзаностi
- Mirror Screeni технологија
- масичка за пишување која може да се ротира
- како и бројни места за складирање на предмети.
Ви ја препорачуваме верзијата: ASPHALT
Peugeot Partner, цели 20 години е тестиран од страна на професионалци кои следеле високи референтни вредности за да понудат квалитетен производ на пазарот. Новата генерација на PEUGEOT PARTNER, во сегментот на комерцијалните возила, нуди ново ниво на комфор при возење, благодарение на PEUGEOT i-Cockpit®.
На 19-ти септември 2018 година, во Хановер, новиот PEUGEOT PARTNER беше избран за “International Van of the year” за 2019 година. Наградата е признание за посветеноста на тимот PEUGEOT, на проект кој е во центарот на развојната стратегија на брендот.
Оваа награда е доделена пред самото лансирање на новиот PEUGEOT PARTNER, кое беше предвидено за неколку недели подоцна. Од 1992 година кога за прв пат е доделена оваа награда, новиот PEUGEOT PARTNER е петто возило на брендот кое го има добиено признанието “International Van of the year”.
Новиот Peugeot Partner има јасна амбиција да го совлада и невозможното.
Наградата “International Van of the year”* постои од 1992 година. Жирито е составено од 25 новинари од Европа и издавачи на списанија, специјализирани за лесни комерцијални возила (LCV).
*IVOTY: интернационално комерцијално возило на годината.
Секоја професија има свои специфични потреби. Со цел да се задоволат уникатните потреби на купувачите - независно дали се трговци поединци или сопственици на бизнис, новиот PEUGEOT PARTNER е достапен во повеќе верзии во зависност од Вашите потреби.
Новиот Peugeot Partner се истакнува со својата ексклузивна употреба на PEUGEOT i-COCKPIT®, како стандардна опрема за прв пат во светски рамки во овој сегмент. Модерниот дизајн во комбинација со компактниот управувач, “head-up” инструмент таблата и големиот 8” екран на допирi нуди уште полесно управување и вистинско уживање при возење, благодарение на ергономската положба на возачкото седиште што досега не е видена во сегментот.
Со новиот PEUGEOT Partner бидете помеѓу првите кои ќе уживате во функцијата Surround Rear Visioni.
Оваа иновација го олеснува и го прави побезбедно возењето и Ви овозможува поголема прегледност. Оваа функција овозможува на екранот, кој се наоѓа на местото на централниот внатрешен ретровизор на ветробранското стакло, со помош на двете камериi, да се следи околината околу Вашето возило, без разлика дали задните врати од возилото се без прозорци или возилото има целосна преграда.
Новиот Peugeоt Partner може да биде опремен со индикатор за претоварi што е иновација во сегментот на лесни комерцијални возила.
Со оваа иновативна функција возачот може да биде информиран дали се надминува максималната дозволена тежинаi; без разлика дали тоа е максималната дозволена маса или максималното оптоварување по оска (предна и задна).
Понудата за трансформирање на возилото содржи многу корисни и функционални предлози од страна на нашите партнери, специјализирани за каросерија.
Оваа ефикасна основа им овозможува на нашите партнери да го прилагодат возилото кон потребите на секој купувач со посебни барања.
Без разлика дали сте водоводџија, цвеќар, угостител, трговец ...: новиот PEUGEOT PARTNER нуди решение кое одговара на секоја професија.
*ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИЈА НА CO2
WLTP вредности (1): податок добиен од хомологација.
(1) Индикаторите за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се во корелација со WLTP стандардите (EU Регулација 2017/948). Почнувајќи од 1 септември 2018 година, пристигнати се нови возила, тестирани од World Light Vehicle Test Procedure (WLTP), што е целосно нова процедура со цел добивање на пореални резултати при мерењето на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Оваа WLTP процедура, целосно ја заменува новата European Driving Cycle (NEDC) процедура, која што беше старата процедура за тестирање на овие параметри. Овие пореални резултати произлезени од новите тестирања со WLTP, се со повисоки вредности од претходните тестирања добиени од NEDC.
Вредностите на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 можат да варираат во зависност од опремата на возилото, различните опции и типот на пневматици кои се користат.
NEDC вредности (2): податок добиен од хомологација.
(2) Индикаторите за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се во корелација со WLTP стандардите (EU Регулација 2017/948) и резултатите кои се добиени се конвертирани во NEDC, со цел да се споредат со останатите возила. За повеќе информации обратете се кај најблискиот импортер или дилер. Мерењата не ги земаат во предвид: условите на користење на возилото, стилот на возење, опремата или дополнителните опции, како и типот на пневматиците кои се користат.